|
 ЕРГОЛАНД ДОО Скопје е компанија која создава вредности во градежништвото. Материјалите кои ги застапуваме и услугите кои ги нудиме се со супериорен квалитет, а доказ за тоа се задоволните лица на нашите клиенти. Почнувајќи од самото основање на компанијата во 2005 година, континуирано работиме на унапредување на градежништвото во Македонија преку промовирање на современите технологии на градење во делот на геосинтетиците, изолациите (термо, хидро и звучни) и др. Како членка на POLYKEM и RAVAGO групациите, Ерголанд ДОО Скопје е дел од глобалните текови. Светските водечки компании, производители на градежни материјали и технологии, ни ја дадоа нивната доверба и целокупната техничка поддршка. Она што е ново во Европа и светот, отсега е ново и во Македонија. Нашите клиенти знаат дека работејќи со ЕРГОЛАНД ДОО добиваат докажан производ, вграден од страна на сертифицирани инсталатери.

|