ja_mageia

  • Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
Ерголанд Термо изолација
Термоизолација

Дали сметките за греење и ладење на Вашиот дом, Ве прават нервозни? Дали мака мачите да го загреете просторот? Дали мувлата е редовна појава на ѕидовите во Вашиот дом? Ако одговорот е НЕ, тогаш Вие сте еден од ретките кои направиле профитабилна инвестиција, но ако одговорот е ДА, тогаш е крајно време да го термоизолирате Вашиот дом.

Термоизолационите градежни материјали:  

  • Ви заштедуваат пари преку намалување на сметките за греење и ладење, 
  • Ви го прават животот комфортен преку лесно одржување на посакуваната температура,
  • Ве прават поздрави преку спречување на појава на влага и мувла,
  • Го прават Вашиот дом долготраен со заштита на конструкциите од термички контракции, 
  • Го прават светот позелен преку редуцирање на емисијата на CO2 со зголемување на енергетската ефикасност.

Инвестирањето во подобрувањето на термичките капацитети на градежните објекти е високопрофитабилна и сигурна инвестиција. Во зависност од повеќе фактори, парите ќе ги оправдате и за 2-3 години. Се по тие 2-3 години, е добивка на Вашето конто.



Styrofoam - Екструдиран полистирен

STYROFOAM™, сината екструдирана полистиренска пена (XPS), е изолационен материјал со исклучителни карактеристики, развиен во фабриката на The DOW Chemical Company во далечната 1941 година. Се произведува во плочи, кои поради супериорните својства, различни од останатите изолациони материјали,  наоѓаат широка примена во Градежништвото. Во Македонија, поради недоволното познавање на изолационите материјали, често пати се меша со обичниот експандиран полистирен.

Повеќе...
 
EPS

Експандиран полистирен (ЕПС), е општо индустриско име за белиот и крут материјал произведен преку експандирање на полистиренски перли со пареа и врзување преку притисок во блок или калап. ЕПС-от просечно се состои од 98% воздух и 2% тврда маса (полистирен). ЕПС-от се употребува во градежната индустрија за термичка изолација и разни пополнувања. Исто така се употребува во најразлични апликации за пакување.

Повеќе...
 
Камена волна

Камената волна е еден од ретките материјали кој освен за топлотна изолација се употребува и за огноотпорна заштита на објектот. Камената волна е производ  добиен преку топење на камен од вулканско потекло.

Повеќе...