|
Терминот Геосинтетици го опишува широкиот опсег на полимерни производи наменети за решавање на проблеми во градежништвото. Овој термин генерално се однесува на следниве главни категории: Геотекстили, Геомрежи, Геомембрани, Геокомпозити и Геосинтетички глини. Полимерната природа на овие производи ги прави погодни за нивно вградување во земја, каде се бара високо ниво на издржливост и трајност. Соодветно употребени истите можат да се вградат и во отворени апликации над земја. Геосинтетиците се достапни во широк опсег на форми и материјали, се со цел исполнување на специфични цели во градежништвото.
Геосинтетичките материјали наоѓаат примена за: Сепарација, Филтрација и заштита, Армирање на почва, Дренажа, Заштита од ерозија, Одржување на патишта
|
|
Во зависност од употребената суровина, густината на материјалот и процесот на изработка, геомембраните се делат на: геомембрани со висока густина (HDPE-high density polyethylene), ниска густина (VLDPE-very low density polyethylene) и голема флексибилност (FPP-flexible polypropylene). Ерголанд е овластен и ексклузивен дистрибутер за производите на “Agru”-Австрија.
|
|
Повеќе...
|
|
Геомрежите на Ерголанд се произведени од високо-јакостни полиестерски јажиња кои се карактеризираат со висока јакост и ниско ползење. Геомрежите се прекриени со полимерна заштитна облога и се посебно погодни за зајакнување на средно-до крупно-гранулирани почви.
Геомрежата е стабилна и флексибилна. Заедно со нерамната површина оваа флексибилност овозможува оптимална интеракција со почвата (зголемена отпорност на кинење и деформација) и економично решение.
Единствена и најголема употребна функција на геомрежата е армирање на почвата
|
|
Повеќе...
|
|
Геокомпозитот се состои од комбинација на геотекстил, геомрежа и/или геомембрана во еден фабрички добиен производ. Исто така геокомпозит претставува и комбинацијата на еден од овие материјали со друг синтетички материјал (пластика, челични кабли) па дури и со природен како што е бентонитот. Главната цел на геокомпозитот е комбинирање на различните функции на геосинтетиците дискутирани претходно: сепарација, филтрација, армирање, дренажа и заштита од ерозија.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|