ja_mageia

  • Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
Ерголанд Завртки и алати
Завртки и алати

Квалитетот на градбите, нивната сигурност и функционалност во голема мера зависат и од фиксирачките елементи кои ги спојуваат различните материјали, елементи и делови. Праксата е полна со примери од Градежништвото каде големи штети и загуби настанале поради несоодветна (не)употреба на фиксирачки елементи со сомнителен квалитет. Паднати фасади, откорнати кровови и пробиени метални конструкции кои пропуштаат вода и многу други примери треба постојано да не предупредуваат дека квалитетните фиксирачи, правилно инсталирани се императив за квалитетното градење. 

На патот до квалитетот и сигурноста, Ерголанд ви го претставува ЕЈОТ, светски лидер на полето на врзувачките (фиксирачките) елементи. Компанијата со седиште во Германија, е интернационална фирма чија историја започнува во далечната 1922 година. Скоро 90 години подоцна, ЕЈОТ е раширен на повеќе континети со над 2000 вработени и над 253 милиони евра обрт во 2007 година. Она што го одликува ЕЈОТ е прочуената германска професионалност и квалитет. Главни клиенти на ЕЈОТ се големите компании од автомобилската, електро индустријата и градежништвото. Во делот на градежништвото, ЕЈОТ произведува фиксирачки елементи за кровови, фасади, облоги и столарија. Саморезните фиксирачи за профилирани лимови и панели се нудат во нерѓосувачки челик со посебно обработен врв. Завртките и анкерите за фиксирање на водоотпорните и термички фасади исто така се популарни производи на ЕЈОТ. 

Деловната единица  за Градежни врзувачи ја претставува компетентноста на ЕЈОТ преку понуда на извонредно квалитетни решенија во областа скоро три децении. Целокупната програма на Градежните фиксирачи е поделена на неколку дела:

  • Индустриски Лесни Конструкции (ILB): висококвалитетни врзувачки елементи за фиксирање на профилирани лимови и сендвич панели во индустриски лесните конструкции, како што се тоа халите, фабриките, складовите и други индустриски објекти.
  • Надворешни Термоизолациони Композитни системи, познати како ETICS (WDVS): специјални анкери за  фиксирање на  изолациските материјали во системите за изолација на надворешните ѕидови.
  • Вентилирани фасади (VHF): завртки и анкери  за фиксирање на основните структури и фасадни облоги на системите  за вентилирани фасади.
  • Рамни кровови (FLD): фиксирачки елементи и инсталациони алатки за рационално фиксирање на изолационите  и покривните  материјали на рамни и лесно закосени кровови.
  • Индустриски прозорци и Фасадна Техника (IFF): Примена  на специфични фиксирачи за ПВЦ столарија,  алуминиумски и застаклени структурални фасади.

Превземи каталог 

Референци

Производител

Постави прашање