ja_mageia

  • Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Decrease font size
  • Default font size
  • Increase font size
Ерголанд
Tag:плафон

Спуштениот плафон од минерални плочи претставува економично решение кое ги збогатува естетските и акустичните својства на просторот. Направени од минерално полнило, овие плочи го унапредуваат комфортот во просторот за живеење. Рангот на Армстронг плафоните од минералните плочи е широк и опфаќа систем плочи и потконструкција со најразлични текстури и дизајни, кои спаѓаат во неколку ценовни групи и нудат најразлични перформанси во делот на акустиката, хигиената, противпожарноста, безбедноста итн.

Повеќе...  

Армстронг  плафоните од метални плочи, познати по комерцијалното име  Orcal, сочинуваат една богата програма на плочи и панели, направени од електрогалванизиран челик, со површина обоена со трајна полиестерска боја која се нанесува електростатички. Стандрадни бои се RAL 9010 и Global White, додека другите бои по RAL се достапни на барање на клиентот. Плочите генерално се произведуваат во димензии 60x60 см, меѓутоа, за простори со специфични естетски и функционални побарувања, особено се интересни Orcal панелите со најразлични димензии, перфорации и системи на потконструкција.

Повеќе...  

Дрвото е најубавиот природен елемент што може да се најде за ентериерна декорација. Плафонот на Армстронг од дрвени плочи, наречен Madera, ќе ви овозможи да создадете оригинална и топла атмосфера. Без разлика дали сте одбрале целосни или перфорирани, ламинирани или со дрвен фурнир, можете да бирате меѓу богатата палета на бои и текстури со цел да ги задоволите естетските и акустичните барања. Madera е вистински избор за ексклузивни ентериери со класичен изглед кои се бараат во бизнисот, театрите, казината итн.

Повеќе...  

Металната потконструкција која ги фиксира плочите има многу важна функционална, но и естетска улога. Нејзина главна функција е да го држи плафонот стабилен и безбеден. За таа цел, Армстронг разви широка програма на потконструкција која е квалитетна, со висока класа на противпожарност и сигурен систем на поврзување на елементите. Што се однесува до естетиката, спојот на плочите претставен преку потконструкцијата е често пати клучен за визуелното доживување на плафонот. Со дизајн на специфични профили, Армстронг успеа да понуди комплетен систем на плочи прилагодени на типот на конструкцијата, со кои ентериерите добиваат на естетика.

Повеќе...  
Powered by Tags for Joomla