STYROFOAM™, сината екструдирана полистиренска пена (XPS), е изолационен материјал со исклучителни карактеристики, развиен во фабриката на The DOW Chemical Company во далечната 1941 година. Се произведува во плочи, кои поради супериорните својства, различни од останатите изолациони материјали, наоѓаат широка примена во Градежништвото. Во Македонија, поради недоволното познавање на изолационите материјали, често пати се меша со обичниот експандиран полистирен.






Single-ply мембраните се фабрички произведени еднослојни мембрани. Генерално се категоризирани како термопластични или термосет.
Полиуретанскиот премаз на Ерголанд е еднокомпонентен, со ниска густина и зацврснува преку влажноста во воздухот. По неговото стврднување прави трајна високоеластична мембрана со голема лепливост на различни типови на површини.Содржи мал процент на растворувач со што дополнителна употреба на растворувачи не е потребна.
Камената волна е еден од ретките материјали кој освен за топлотна изолација се употребува и за огноотпорна заштита на објектот. Камената волна е производ добиен преку топење на камен од вулканско потекло.